| четврток, 6 декември 2018 |

Магичен топломер кој ја чита температурата само со едно поминување преку челото

Една здравствена компанија го претстави топломерот кој не користи неинвензивни методи за мерење температура кај децата. За разлика од традиционалните топломери, доволно е само со него да поминете преку челото, а може да ја покаже температурата и ако е одалечен еден сантиметри од кожата.

Топломерот има облик на подебел молив и има 16-инфрацрвени сензори за брзо мерење на најтоплите подрачја. Иако може да се користи за сите возрасти, на пазарот се појави пред се заради бебињата и децата кај кои претходно температурата се мереше ректално.

Читање на температурата се постигнува по пат на алгоритмот кој ги зема предвид температурата на околината и топлината на кожата. По мерењето температура, топломерот вибрира за да ја предупреди корисниците дека читањето на температурата е завршено.

Топломерот испраќа повратни информации во боја – зелената боја е за нормална температура, портокалова боја за зголемена температура и црвена за висока температура.

Исто така користи и ви-фи за поврзување со апликацијата која ја следи температурата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top