| четврток, 6 декември 2018 |

Инспекторот што го истражува убиството на пејачката бил суспендиран, пa избегал во Германија

inspektor srbija

Инспекторот што работел на расветлување на убиството на пеачката Јелена Крсмановиќ, а кој бил суспендиран и против кого била поднесена пријава за кражба избегал во Германија, пишуваат српските медиуми.

Тодор Дошен, кој работел во одделението за искоренување на крвни и на сексуални деликти, бил под суспензија веќе еден месец и му се заканува отказ од работното место ако истрагата ги потврди наводите од кривичната пријава поднесена од Секторот за внатрешна контрола.

jelena kanal

 

 Дошен отпатувал во Германија набрзо по суспензијата, а неговите познаници и колеги не знаат какви му се плановите, односно дали посетата е само туристичка.
– Против Дошен е поднесена кривична пријава поради сомневање дека украл пари и мобилен телефон од предметот. За него нема никакви правни пречки да патува во странство. Против него не е распишана ни потрага ни потерница, така да за сега може непречено да се движи, но необично е што никому не му се јавил оттогаш – вели соговорник за Блиц.

По него може да се распише потерница само ако биде обвинет за кражба а не се одзива на повиците на судот.

Тој е суспендиран кога било утврдено дека во еден од предметите на кој работел недостигаат пари и мобилен телефон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top