Центарот на Кабул вечерва беше погоден од ракета, што предизвика аларм во странските амбасади, соопштија службени лица на Министерството за внатрешни работи.
Според соопштението, погодена била празна училишна зграда, а при нападот никој не бил повреден.
Нападот се случи еден ден по самоубиствениот напад во Кабул, при што загинаа најмалку 80 луѓе, поради што денес е ден на жалост во Авганистан.
Тоа беше самоубиствен бомбашки напад врз една голема група на демонстранти, припадниците на малцинските Хазари.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.