| четврток, 6 декември 2018 |

Новореденче од два дена загина во нападите на четирите болници во Алепо

При воздушни напади на сириски и руски авиони погодени четири болници во сириската покраина Алепо, објави Сириската опсерваторија за човекови права.

Здржението на независни лекари (ИДА) соопшти дека во синоќешните воздушни напади загинало новороденче старо само два дена.

Во Алепо има четири болници, а три се во делот што е под контрола на сириската армија.

Бебето загина во болница што е под контрола на бунтовниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top