| четврток, 6 декември 2018 |

Возилата придружба на египетскиот премиер, цел на напад

rahimiКолоната возила од придружбата на премиерот на Египет, Хишам Кандил беше цел на напад од непознати напаѓачи во центарот на Каиро, но премиерот не е повреден.

Петмина напаѓачи од комбе отвориле оган врз автомобили од придружбата на Кандил, а потоа обезбедувањето на премиерот возвратиле на нападот.

Полицијата ги уапси напаѓачите. Властите тврдат дека во случајот нема политички мотиви туку станува збор за недоразбирање – имено, петмината мажи изјавиле во полицијата дека имале намера да се пресметаат со други луѓе, кога на патот им се појавила колоната возила на Кандил. Тие рекле дека не знаеле оти во еден од трите автомобили од колоната бил и премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top