Сите што ќе патуваат на Олимписките и на Параолимписките игри во Рио да превземат мерки, а особено да внимаваат трудните жени, препорачуваат од Институтот за јавно здравје во пресрет на Олимпијадата што ќе се одржи во август.
Бразил е земјата во која лани првпат беше регистриран вирусот зика и каде што е најголем бумот на заболени. Светската здравствена организација (СЗО) процени дека бројката на заболени во Бразил ќе достигне околу 1,5 милион луѓе.
Во Бразил не постои обврска да се покаже сертификат за вакцинација за да се влезе во земјата. Министерството за здравство препорачува туристите да ги обноват картичките за вакцинација во согласност со насоките на распоредот за вакцинација на нивната земја на потекло или местото на живеење, најмалку 10 дена пред патувањето.
– Препораката за туристите што патуваат во Бразил е да ги проверат нивните картички за вакцинација за следните болести: инфлуенција (грип), мали сипаници, рубеола, хепатит А, хепатит Б и маларија. За грип, Бразил усвојува вакцинација на ризичните групи во периодот од 18 април до 20 мај 2016 година, пред периодот на најголема инциденција на болеста. Вирусот на мали сипаници веќе не е ендемичен. Сепак, населението во Бразил е вакцинирано за да се спречи вирусот да се враќа во земјата, со оглед дека сè уште влијае врз другите делови на светот. Што се однесува до рубеолата, во оваа земја не се пријавени случаи на ендемичен пренос. Вакцината сè уште е од суштинско значење со цел да се избегне повторување на болеста. Бразил препорачува вакцинација против хепатит А бидејќи можете добиете хепатит А преку контаминирана храна или вода, како и вакцина против хепатит Б ако сте направиле тетоважа или пирсинг или ако сте бремени – соопштија од Институтот за јавно здравје.
Исто така, треба да се преземат мерки за заштита од маларија – да се носи светла облека со долги ракави, телото да се мачка со средства против комарци и да се побара лекарска помош доколку се појават симптоми на треска, болка во телото и главоболка.
За луѓето што одат во Бразил, а сакаат да направат екотуризам во руралните области или шуми, се препорачува да се вакцинираат против жолта треска. Една доза вакцина треба да се примени најмалку 10 дена пред датумот на поаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
2.700 евра ја делат 14 годишната Ирина од настап на Олимпијадата во Токио, државата и општината ја одбија поддршката (видео)
-
Препораки од АХВ за заштита од заразни болести при поплави
-
Препораки за заштита од студени бранови
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак