| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановци нападнати додека седеле во ресторан

Две момчиња, А.Ш. и Р.З. од Куманово, ноќеска биле физички нападнати од пет лица додека седеле во ресторан на плоштадот „Маршал Тито“.

Како што соопшти полицијата, немилиот настан се случил во 2:30 часот по полноќ кога А.Н., А.Н., С.Н., А.Н. и Б.Н. дошле и почнале да ги удираат, А.Ш. со безбол палки по глава и тело, а Р.З. со тупаници, по што побегнале.

На повредените им била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово, каде се задржани на лекување.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top