| четврток, 6 декември 2018 |

Измерени 54 степени во Кувајт, највисоката температура забележана некогаш на Земјата

Во четвртокот во Кувајт е забележана неверојатна температура од 54 Целзиусови степени, што нашиве 36 степени ги прави „ладовинка“. Ова е највисоката температура забележана некогаш во источната хемисфера и речиси сигурно највисоката температура воопшто забележана на Земјината топка.

Метеоролошката станица во Митрибах, област во северозападен Кувајт, ја снимила температурата минатата недела за време на интензивен топлински бран, кој продолжува и во делови од Блискиот Исток. Живата во соседен Ирак истиот ден се искачила на 53,9 Целзиусови степени во античкиот град Басра.

mkd-275331

Досега официјален рекорд за највисока температура беше 56,7 Целзиусови степени на 10 јули 1913 година во Фурнас крик ранч во Долината на смртта, Калифорнија. Сепак модерни метеоролози се скептични кон овој запис, тврдејќи дека опремата што се користела во тоа време била склона кон грешки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top