Кога си на Балканот биди Балканец. Ова е правилото кое сексипилната Моника Белучи дефинитивно го почитува. Таа од Бања Лука отиде во Вишеград. Но не знаеше каде е.
-За првпат сум во Србија – рече атрактивната Белучи.
Но на Италијанката географијата не и е баш најдобра страна. Таа не знае каде се наоѓа. Дали во Босна или во Србија?! Не била свесна дека Вишеград е град во Босна и Херцеговина.
Четириесет и осум годишната актерка вети дека ќе се врати во Вишеград следната година кога режисерот Емир Костурица таму ќе го доврши градењето на селото Андричград, кое што му го посвети на нобеловецот Иво Андриќ.
Белучи заедно со своите телохранители се упати кон Дрвенград во Србија. Костурица, воедно голем обожавател на Слободан Милошевиќ, тука организира музичко-филмски фестивал наречен “Kustendorf”. Таму пак Белучи се воодушеви од дочекот. Домашна ракија, домашно сирење и пита – сето ова и беше послужено на една од најсексипилните жени во светот. Со Костурица и остатокот од тимот таа се забавуваше се до утринските часови.
Кон почетокот на мај Моника би требало да го започне снимањето на новиот филм „Љубов и војна”. Во овој проект италијанската ѕвезда ја има главната улога, па ќе мора да почне да го учи и српскиот јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.