Бомбаш-самоубиец утринава се разнесе на безбедносен пункт во северниот дел од Багдад, при што погинаа најмалку 12 лица, јавија ирачки официјални претставници.
Меѓу погинатите има најмалку осуммина цивили, додека останатите жртви се полицајци, а во нападот, исто така, се повредени 32 лица, пренесе Танјуг.
Напаѓачот, кој до местото на експлозијата дошол пешки, го детонирал експлозивот на едно од најфреквентните влезни точки во багдадската населба Кадимија, во која мнозинството жители се шиити.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, што има карактеристики на досегашните напади на Исламска држава.
Оваа екстремистичка група, која контролира големо подрачје на северот и западот од Ирак, вообичаено изведува напади во мнозински шиитските делови на Багдад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст