Од вкупно 301.728 корисници на пензија, 24.361 корисник, или 8,1% примаат пензија до 7.783,00 денари, што
преставува најнизок износ на пензија од трета група на најниските износи на пензија, 84.523 корисници на
пензија или 28,0% примаат од 7.783,00 до 10.121 денари, што претставува највисок износ од прва група на најниските пензии, односно 104.958 корисници на пензија, или 34,8% примаат пензија во висина до 15.000,00 денари што претставува највисок износ од прва група на пензија од најниските пензии.
Најнискиот износ на пензија се определува независно од висината на пензијата определена врз основа на
должината на пензискиот стаж и остварените плати. Тоа значи дека на осигуреникот му се гарантира износ
на пензија кој е повисок од пензијата определена од должината на пензискиот стаж и остварените плати.
Институтот најнизок износ на пензија, се заснoва на принципот на социјална праведност и неговата висина
зависи од должината на работниот придонес изразена преку должината на пензискиот стаж и ако истата е
пониска на корисникот му се исплатува до најниската пензија. Во Фондот, со состојба 31.12.2015 година се исплаќа минимална пензија на 68.899 корисници, и тоа: 45.513 корисници или 66,06% од вкупниот број на корисници на минимални пензии, од трета група, односно со најмал пензиски стаж (до 25 години маж, односно до 20 години жена), на 14.674 корисници од втора група (над 25 години маж и над 20 години жена ), или 21,30% и на 8.712 корисници на пензија од прва група (над 35 години маж и над 30 години жена), или 12,64% од вкупниот број на минимални пензии. Бројот на корисниците на најнизок износ на пензија во 2015 година во споредба со 2014 година (68.948) е намален за 0,1%, како резултат на висината на пензиите во поголем износ на новите корисници кои правото на пензија го оствариле во 2015 година и усогласувањето на пензиите во 2015 година од септември во износ од 621 денар. Највисока пензија од 38.394 денари земаат 323 пензионери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст