| четврток, 6 декември 2018 |

Улогата на чикото на Трамп во смртта на Никола Тесла: Најголемата семејна тајна на кандидатот за шеф на САД

Никола Тесла го напушти овој свет во екот на Втората светска војна, 7 јануари 1943 година, токму во клучните моменти на источниот фронт во Сталинград.

Починал сам и напуштен во своите 86 години од животот во собата 3327 во хотелот „Њујоркер“, во градот во кој поминал голем дел од својот живот, во Големото јаболко. Неговото тело го открила собарката Алис Монаган откако го игнорирла поставениот знак „не вознемирувај“ кој овој голем научник го поставил на вратата два дена претходно.

Судксиот вештак за непосредна причина за смрт ја навел коронарната тромбоза.

1454849_10153315032829103_7381132739283563734_n-670x379

Два дена подоцна, ФБИ наредил на службите за странски државјани да го конфискуваат целиот движен имот и личните работи на Тесла иако тој веќе 52 години бил државјанин на САД, многу повеќе од неговото австроунгарско државјанство.

Dzon-G-Tramp-670x941

Анализите на се што било пронајдено бил повикан да ги врши професорот од институтот за технологија во Масачусец, познатиот и признат инжењер, пронаоѓач и физичар Џон Џорџ Трамп.

Токму тој бил брат на Фред Трамп, таткото на Доналад Трамп.

Со други зборови, Џон Трамп бил чичко на сегашниот републикански кандидат за претседател на САД.

По три дена истражување Трамп поднел извештај во кој заклучил дека во пронајдените документи нема ништо што би можело да претставува опасност доколку се најде во рацете на непријателот.

Tan2016-7-9_19550973_6-670x379

– Мислите на Тесла и напорите во последните 15 години биле од шпекулативен, филозофски и помалку промотивен карактер, често сконцентрирани на производство на безжичен пренос на енергија, но не вклучуваат нови, разумни, функционални принципи или методи за реализација на такви разултати, пишувало во неговиот извештај.

Службено, навел дека не пронашол ништо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top