Во Турција е уапсен клучниот соработник на имамот Фетула Ѓулен, кој живее во САД, и кој турските власти го обвинија за обидот за пуч, сооопшти денеска претстваник на турското претседателство.
Халис Ханчи, кој важи за „десната рака“ на Ѓулен, е уапсен , јавија британските медиуми.
Како што наведува турскиот претставник од канцеларијата на претседателот Ередоган, Ханчи во Турција влегол два дена пред обидот за пуч, пренесуваат британските медиуми.
Претходно денеска турските државни медиуми јавија дека турските власти го уапсиле и внукот на муслиманскиот верски лидер Фетула Ѓулен во врска со пропаднатиот обид за воен удар на 15 јули.
Медиумите наведуваат дека Мухамет Саит Ѓулен е уапсен во Ерзурум, на исток од земјата, и дека ќе биде спроведен во Анкара и потсетуваат дека неговиот постар роднина е обвинет дека бил мозокот на пучот што наводно се обидел да го изведе со помош на припадниците на своето движење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст