Целиот живот слушаме дека мрзеливоста е лоша и дека претераното излежување нема добри ефекти врз нашето здравје. Но, веројатно не е баш така!
Имено, успорениот живот и не е така лош избор, пренесува порталот „Литл тингс“ Секако, овде не се советува животот да го поминете излежувајќи се на каучот, но кога и да се почувстувате уморни седнете и опуштете се некое време.
Еве на кои начини мрзеливоста е добра за вас:
1.Го намалува крвниот притисок
Стресот може да има лош ефект врз крвниот притисок, го забрзува срцебиењето и ве прави нервозни.
Времето поминато во опуштање ќе ве одмори и ќе ви ги смири мислите, а со тоа ќе ви се нормализира и крвниот притисок.
2.Вашите тренинзи ќе бидат поинтензивни
Ако сте мрзеливи, сигурно нема цел ден да го потрошите на вежбање. Наместо тоа, вашите тренинзи ќе бидат поинтензивни, кои ќе направат да ви “зоврие” крвта, но ќе имате и доволно време да одморате покрај омилената серија.
Истражувањата покажале дека интензивните тренинзи и периодите на одмор најлесно доведуваат до фит линија.
3.Поттикнува креативност
Лежењето е всушност најдобриот начин со кој луѓето доаѓаат до одлични идеи. Кога ќе го оставите мозокот да се опушти и не размислувате претерано, може да се случи вашите идеи да дојдат во некој нов редослед.
4.Се чувствувате благодарни за сегашноста и ги цените работите околу себе.
Исто како и медитацијата, мрзеливоста не поставува во сегашноста и не тера да ги цениме работите околу себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.