| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски со велигденска честитка

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден, упати честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква, Арихиепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан и до сите православни верници во Република Македонија.

„Дозволете ми Вам лично, на членовите на Синодот, на Вашето ценето свештенство и монаштво, на сите православни верници во Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден со искрени желби за добро здравје, општа благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови.

Славејќи го овој голем христијански празник, сакам да го истакнам моето уверување дека Македонската Православна Црква ќе продолжи, како и до сега, секојдневно да го дава својот придонес во јакнењето на меѓуверскиот дијалог, промоцијата на мултикултурната и мултиконфесионална соработка и соживот на сите граѓани.

На крајот дозволете ми уште еднаш да Ви посакам Вам лично и на сите православни верници во Република Македонија да ги поминете Велигденските празници со мир во душата, љубов и верба во срцата и во кругот на Вашите најблиски“ – се вели во честитката од Црвенковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top