| четврток, 6 декември 2018 |

Нема ни трага ни глас од борачот: Љубан Илиев мистериозно исчезна пред ЛОИ

Списокот на патници на претстојните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, полека се заклучува, а тоа претставува и голем проблем за Олимпискиот комитет на Бугарија, кој мораше да го пречкрта борачот Љубан Илиев, бидејќи две недели нема ни трага ни глас од него, што беше дополнителна причина за вознемиреност во бугарската јавност.

ljuban ilievi

Илиев (27) беше еден од фаворитите за Олимписки медал во категоријата до 125 килограми, но исчезна по завршување на подготовките за Олимписките игри, кои се одржаа во Русија.

– Безуспешно се обидовме да стапиме во контакт со него, дури ниту неговиот тренер не знае каде се наоѓа. Љубен од порано беше познат како емоционално нестабилна личност, изјави тренерот на бугарската боречка репрезентација Валентин Рајчев.

Илиев во 2013 година освои бронзен медал на Европското првенство, а минатата помина пет дена во затвор заради тепачка со полицијата. Бугарија традиционално добро се претставува во борење на Олимписките игри, а доказ за тоа се 16 златни медали од Олимписките игри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top