Приврзаницитте на Исламската држава слават на социјалните мрежи по вестите за пукањето во трговскиот центар во Минхен во кое загинаа и се ранети поголем број луѓе.
– Фала Господе! Бог нека донесе просперитет на нашите луѓе од Исламската држава – се наведува на еден твит на арапски јазик, на налог кој е лојален на радикалната Исламска држава, пишува „Ројтерс“.
На друга објава на „твитер“ исто така се поддржува ИД и се вели дека „Исламската држава се шири во Европа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


