Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун вчера изрази загриженост поради извештаите за нападите на израелското воено воздухопловство врз цели во соседната Сирија, меѓутоа истовремено изјави дека ОН не мажат да ги потврдат тие извештаи.
-Генералниот секретар изразува голема загриженост поради извештаите за воздушните напади во Сирија кои ги извршиле израелските воздухопловни сили. Истовремено ОН не поседуваат детали за инцидентите за кои е известени.., па ОН не се во ситуација независно да потврдат што се случило – стои во изјавата.
Во изјава се наведува и дека генералниот секретар на светската организација „и повикува сите страни да покажат максимална воздржаност, како и да дејствуваат одговорно за да се спречи ескалација на судирот кој веќе е разорен и извонредно опасен”.
Бан Ки-Мун, исто така, повика да се почитуваат националните суверенитети и територијални интегритети на сите земји во регионот и да се исполнуваат сите соодветни резолуции и одлуки на Советот за безбедност при Обединетите нации
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)