| четврток, 6 декември 2018 |

Мртов маж со куршум во главата пронајден на улица

Околу 20 часот и 15 минути на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај месноста „Сеферов Бунар“, полициски службеници забележале паркирано возило „Шкода Фелиција“ со охридски регистарски ознаки, а до возилото бил пронајден починат 63-годишниот М.З.од селото Трапчин Дол.

Според податоците од полицијата, несреќниот маж имал прострелна рана во пределот на главата нанаесена од огнено оружје. Покрај истиот бил пронајден и пиштол.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полицијата во Кичево.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top