| четврток, 6 декември 2018 |

На брегот на Црно Mоре пронајдени 76 мртви делфини

Вкупно 76 делфини се пронајдени мртви на бугарскиот брег на Црно Mоре кај Бургас. Бугарските официјални лица засега не ги соопштиле причините за масовното умирање на делфините, додека од еколошката организација „Да го сочуваме коралот“ наведуваат дека за нивната смртта причина се рибарските мрежи.

Марија Андреева од еколошката инспекција во Бургас рекла за локалните медиуми дека е тешко да се утврди причината за смртта на 76 делфини, бидејќи труповите на делфините се во фаза на распаѓање. Загинатите делфини припаѓаат на заштитениот вид црноморско прасе.

Еколозите предупредуваат дека ситуацијата е алармантна доколку се земе предвид дека на бугарскиот брег на Црно Море минатата година се откриени 56 мртви делфини, а во 2014 година – 21 мртов делфин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top