Во текот на претстојните летни денови и за време на викендите Скопје продолжува со одлична забава и музика на централниот плоштад „Македонија“, како дел од проектот „Улични музичари и артисти“.
Овој петок со почеток во 20 часот свој настап ќе има „Стендбај“, поп-рок група со долгогодишно искуство, добропознат на македонската публика. „Стендбај“ изведува рок-класици и нови хитови со изменет аранжман и звук карактеристичен за групата – енергична и забавна музика. Групата има многу настапи во скопските кафулиња, па ѝ е познат на публиката. Ја соичинуваат Филип Исаков Џајо – (гитарист/пејач), Илија Трајковски – (на бас гитара), Дејан Которчевиќ – (тапани), а како пее Моника Ставревска.
В сабота „Бед инфлуенс“ во стандардниот термин (20 часот) ќе настапи на плоштадот „Македонија“. Членови на групата се: Дино Зукиќ (тапани и перскусии), Стефан Филков (вокал и ритам гитара), Панче Захариев (бас и ритам) и Даниел Котевски (ритам и соло-гитара).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст