Културната заедница на Бошњаците „Препород“ во соработка си Здружението на демократски правници во БиХ и Босанско-турското пријателство Босфор, одлучија претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган да го кандидираат за Нобелова награда за мир.
-Ердоган успеа ноќта меѓу 15 и 16 јули против модерните варвари, со легални и легитимни средства, со сестрана помош и поддршка од народот да ги одбрани институциите на Турција што се демократски и историски облик на владеење на правото и на правната држава – се наведува во соопштението на овие три здруженија, пренесува српска „Политика“.
Тие наведуваат дека Ердоган со своите соработници успеал да ги искорени сиромаштијата и криминалот, да го поткрене економскиот пораст на Турција и да ја вклучи во 15 најразвиени земји во светот.
Сè што прави Ердоган во изминатите 15-20 години придонесува Турција да стане куќа на мирот и сламка за спас за голем број бегалци од голем број земји зафатени со војна, укажуваат овие три организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст