Во новиот број на Република кој е во продажба од денеска, 22 јули 2016 година, ќе читате:
СДСМ под хипотека
Заев ја доведе партијата до банкрот?
Имајќи ги предвид документите до кои дојде „Република“,место да се фокусира на изборите договорени на 24 април, во согласност со Договорот од Пржино, Заев мака мачел како да го продолжи хипотекарниот договор со кој Комерцијална банка во залог го има седиштето на СДСМ. За потсетување, кредитот што на 19 април 2011 година го зеде тогашниот претпоставен на Заев, Бранко Црвенковски, истече на 19 април 2016 година. Токму затоа, Заев, веројатно, и ги активираше „пријателите од надвор“, под изговор за, божем, спорни гласачи и медиумски регулирања, само за да се спречат изборите, додека тој успее да го продолжи рокот на кредитната линија.
Судејќи според документите, како и според случувањата од тој период, меѓу одлуката на Централниот одбор на партијата за продолжување на договорот за кредит со таа банка и потпишувањето на анексот на тој договор за дополнителни нови пет години, односно до 19.4.2021 година, во јавноста се појави уште едно аудио од фонотеката на Заев со криминално прислушувани разговори. Тоа беше разговор токму на директорот на Комерцијална банка, Хари Костов, од „фонотека“ што Заев ја задржа и не ја предаде во СЈО. Таа „фонотека“ содржи веројатно исто толку разговори колку што, наводно, предаде до СЈО, па се поставува прашањето, колку може да биде коинциденција токму тогаш да се случи објавување на оваа снимка. Воедно, таа „случајност“ е дел и од одговорот на прашањето – зошто беше пуштен разговор на Хари Костов, поранешен министер и премиер од редовите на СДСМ, и каква врска има тој разговор со „Слободата и демократијата“?
Нема власт без народ
Македонците ќе ги казнат пучистите на избори
Истите тие болни умови што постојано заговараат и јавно повикуваат на крвопролевање во Македонија, сега, преку сликите од Истанбул и Анкара, имаа можност со свои очи да видат колку скапо може да нѐ чини сите нивното деструктивно и антидржавно дејствување. Искрено, не верувам дека епилогот од обидот за насилно симнување од власт на турскиот претседател ќе ги вразуми, но сигурен сум дека во случај да дојде до реализација на слично сценарио тука кај нас, секој од нив ќе го понесе својот дел од одговорноста.
Затоа, на истите тие пучисти што се самомотивираат со повици за крвопролевање треба да им биде јасно дека од повеќе причини не може да се случи сценарио како во Турција, пред сѐ, поради смиреноста на македонскиот народ, како и поради тактичноста на Никола Груевски, кој неколкупати досега успешно избегна вакви несакани ситуации.
Граѓанските здруженија извисија во Пржино
Легитимноста не се добива на улица
Да не се случува во Македонија, ќе мислевме дека е сцена од научно-фантастичен филм и тоа од жанрот комедија. Припадници на невладини организации неделава побараа да бидат дел од преговорите меѓу политичките партии со посредство на меѓународните фактори во Македонија. И ни помалку ни повеќе, тоа барање го упатија до американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли. Да беше филм, сценариото можеше да биде посмешно ако настанот се одвиваше пред кинеската или руската амбасада место пред американската.
Партиите се договорија
Ќе остане ли Заев барем еднаш на зборот?
Претставниците на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, конечно, постигнаа договор за продолжување на спроведувањето на Договорот од Пржино. Договорот е условен. Ќе важи доколку се исполни сето тоа што беше договорено во средата. Лидерите треба на 31 август да седнат и да го потврдат договорот. Доколку е исполнет, би имале избори на 11 декември. По две бегства од избори, останува да видиме дали Зоран Заев овој пат ќе го почитува договорот и ќе прифати соочување со народот.
Туризмот со потенцијал да стане водечка стопанска дејности во државава
Шетај и летувај во Македонија
Последниве години Македонија е туристичко откровение за голем број домашни и странски туристи. Инвестирањето во овој сектор, очигледно, дава резултати, за што сведочат бројките на пораст на домашни и странски туристи. Зошто да се патува во друга земја, кога и земјава има што да покаже и да даде. Се развива езерскиот туризам, Преспа, Дојран се нови хит-дестинации за одмор, со нови плажи и со многубројни погодности за удобност на гостите. Во овој дел, се разбира, Охрид беше и остана наш туристички бисер, кој одушевува на секоја посета. Се развива и планинскиот, руралниот, но и бањскиот туризам. Сѐ на сѐ, Македонија станува крајна дестинација за одмор на сѐ повеќе луѓе, а расте и бројот на патници што пропатуваат низ државава, но и доаѓаат да ги видат нејзините природни убавини, историски знаменитости. Најпосетувано во овој дел е Скопје, кое мами многубројни намерници со проектот „Скопје 2014“, па секојдневно можат да се видат организирани тури на странци што крстарат низ градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст