| четврток, 6 декември 2018 |

Абрамјан: Ќе направиме се за мирна разврска на заложничката криза во Ереван

erevanЕрменските власти ќе направат се за да дојде до мирна резрешница на ситуацијата со заземената полициска станица во Ереван, што ја држи една вооружена група, изјави денеска премиерот на оваа кавкаска република Овик Абрамјан.

Како што јави ТАСС, ваквиот свој став Абрамјан го искажа на отворањето на денешната седница на владата.

– Ситуацијата е крајно загрижувачка, констатира тој. – Тоа што се случи во полицискиот полк, е недозволиво и е за секоја осуда, затоа што реални промени не можат да се постигнат со насилство, забележа Абрамјан.

Веќе петти ден трае тензичната ситуација околу полицискиот полк, каде терористи држат четворица заложници, а меѓу нив и двајца високи полициски старешини.

Во близина на блокираниот реон околу станицата, опозицијата продолжува да организира митинзи, инсистирајќи властите да не преземаат насилна операција за ослободување на заложниците и неутрализирање на вооружената група.

Доцна синоќа крај полицискиот објект избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата, во кои 51 лице беа повредени, вклучувајќи и 28 полицајци. Околу 50 лица беа уапсени.

Сите досегашни обиди за преговори со напаѓачите се неуспешни. Тие не отстапуваат од своите барања – ослободување од затвор на лидерот на радикалната опозициска партија Фронт за народен спас, Жираир Сефалјан, оставка на ерменскиот претседател Серж Саркисјан и формирање нова влада

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top