| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнат војник во Англија близу воена база; оценето како акт на тероризам

raf-marhamБритански војник бил нападнат со нож од двајца напаѓачи, во обид да биде грабнат, соопшти вечерва британската полиција. Инцидентот се случил вчера близу до воената база на британското кралско вoено воздухопловство (РАФ) во Норфолк, во Англија.

Војникот кој не бил во униформа и џогирал по патеката во блиската шума, која за вакви прилики ја користат војниците од базата, бил запрен од двајца мажи вооружени со ножеви. Војникот сепак успеал да се одбрани, да го собори на земјата едниот од напаѓачите и да избега, неповреден.

Полицијата во Норфолк изјави дека не може да го отфрли и тероризмот, како мотив за овој напад.

Веднаш по нападот и неуспехот да го совладаат војникот, двајцата напаѓачи побегнале со возилото со кое го сочекале војникот-џогер.

Според полицијата, ножот на едниот од напаѓачите бил војнички.

Отворена е истрага за инцидентот, а полицијата трага по возилото и по луѓето во него.

Нападнатиот војник ги опишал војниците како млади луге на возраст меѓу 20 и 30 години, високи околу 1,80 сантиметри кои зборувале англиски јазик со блискоисточен акцент.

Министерството за одбрана во Лондон одби вечерва да го коментира инцидентот, препуштајќи им ја целата работа на полицијата.

По нападот, полиција и војнички патроли ја претражуваат околината на базата и станбените населби во нејзината околина.

Во базата во Норфолк има околу десет илјади лица, персонал на РАФ, на британската морнарица и копнената војска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top