| четврток, 6 декември 2018 |

Болт со поддршка до ИОК: Секој мора да се придржува до правилата!

usein bolt

Усеин Болт го поддржа Интернационалниот Олимписки Комитет и денешната одлука на Спортскиот суд за Арбитража во Лозана по изречената суспензија на сите руски атлетичари за претстојните Олимписки Игри во Рио де Жанеиро. Атлетичарот од Јамајка смета дека оваа казна ќе биде јасна порака до сите спортисти дека борбата против допингот ќе станува се пожестока и пожестока.

– Да бидам искрен, мило ми е за казната за руските спортисти бидејќи со неа ќе се исплашат многу луѓе. Се испраќа јасна порака – ако одиш против правилата, против тебе ќе се превземаат сериозни акции и ќе се соочиш со последици. Ако постојат цврсти докази како во случајов, јасно е дека пораката треба да биде недвосмислена. Ако луѓето одговорни сметаат дека тоа треба да се однесува на суспензија на цела репрезентација, јас целосно ги подржувам. Едно треба да се знае, јас сум тестиран цело време, ме тестира Атлетската Федерација, ме тестира и ВАДА, бев тестиран и утрово. Сепак, јас сум чист и горд сум што постигнувам врвни резултати без помош на забранети супстанци – истакна Болт.

Повеќекратниот олимписки првак допатува во Лондон за да учествува на атлетски митинг во британската престолнина, што е јасен знак дека повредата е санирана и Болт би требало да топ-форма да ги дочека Олимписките Игри, кои стартуваат за 15 дена.

– Одлуката да не учествувам во квалификациите во Јамајка беше одлична, докторот што ме прегледа ми соопшти дека ако сум трчал речиси сигурно ќе сум го скинал мускулот, што ќе значеше пропуштање на ОИ. Вака, повредата во меѓувреме беше санирана, па со нетрпение ги очекувам Игрите во Рио – полн со оптимизам е Усеин Болт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top