| четврток, 6 декември 2018 |

Шарените незадоволни од СДСМ: Вчерашниот договор не ги исполни нивните очекувања

sarena revolucija 20.6.16 2

Шарените т.н. револуционери, левичарските партии и припадниците на „Протестирам“ се незадоволни од договорот што го постигнаа вчера четирите партии.

zekoli-fb-640x763 (1)

Социјалните мрежи се преполни со коментари дека попусто го потрошиле времето на улиците.

sarakinski-fb-640x666

Некои од шарените т.н. револуционери дури и повикуваат да се излезе на протест пред седиштето на СДСМ на „Бихаќка“ и таму да се изрази нивниот револт со истурање боја и „бомби“, како што тоа го правеа на државните институции и на спомениците.

dzeljo-640x921

Здружението „Протестирам“ ја предводеше т.н. Шарена револуција од средината на април кога претседателот Ѓорге Иванов објави дека прогласува општа аболиција за сите политичари за кои Специјалното обвинителство покрена или имаше намера да покрене случај.

zekoli-fb1-640x927

Новосклучениот договор не гарантира излез од политичката и економска криза, реагираат од Левица, додавајќи дека бил склучен договор кој ги изневери барањата и принципите на протестното движење.

tvit_sreden_1

За време на протестите на т.н Шарена револуција се зголемуваа барањата на платениците и на 18 јуни беа испорачани шест барања од кои ниту едно не беше опфатено во меѓупартиските договори.

ivor-fb-640x399

Првото барање беше Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство. Второто барање беше да се повлечат кривичните пријави. Наместо повлекување, тројца се осудени со условни казни, а за двајца постапката е во тек. Не се исполни ни третото барање на „шарените“, а тоа е оставка од Владата, на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ. Актуелната влада ќе продолжи да функционира сѐ додека лидерите на партиите не постигнат договор за избори. Платеничките револуционери бараа да присуствуваат на преговорите на работните групи, но не беа повикани на ниту еден состанок. И последното барање на приврзаниците на опозицијата беше оставка на претседателот Ѓорге Иванов што, се разбира, не се оствари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top