МЗТ Скопје и дефинитивно ќе биде учесник во новата сезона од Еврокупот откако македонскиот првак ја прифати поканата што пред два дена ја доби од организаторите на ова натпреварување.
„Металците“ најавија дека ќе ја анализираат состојбата пред да ја донесат одлуката, за денеска на официјалната веб-страница на Еврокупот да биде потврдено токму токму македонскиот шампион е еден од четирите тима што дополнително се вклучуваат на списокот на учесници на ова натпреварување, на местото на италијанските клубови кои се повлекоа од Еврокупот.
Со ова станува уште поголем предизвикот за новиот тренер Емил Рајковиќ, кој покрај атакот на висок пласман во АБА-лигата сега ќе треба достојно да се претстави со МЗТ Скопје и во врвното европско натпреварување.
Воедно, ова сигурно ќе претставува и поттик за што поскоро да се почне со засилувања на „металците“, кои за вакви силни натпреварувања ќе требаат значително да ги засилат своите редови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Работнички и МЗТ Скопје нема да играат вечерва?
-
Награда за извонредната кариера, Лам замина во пензија како најдобар фудбалер во Германија
-
Голот на Циндриќ против Барселона е најдобар во сезоната во ЛШ (видео)
-
Кој од кој поубав, најдобрите десет голови кои ја одбележаа сезоната во Бундес лигата (видео)