| четврток, 6 декември 2018 |

И ова се случи: Работниците туркаа авион од 36 тони! (Видео)

На римскиот аеродром Фјумичино патниците неодамна имале прилика да видат една прилично необична сцена – работниците биле принудени да туркаат патнички авион кој поради технички проблеми не можел да полета.

Леталото коешто било полно со патници и багаж, минало околу еден час на аеродромската писта, пред 11 работници да добијат дозвола за да го поттурнат авионот.

Целото случување било забележано и од страна на камерите на патниците коишто своите видео-записи набрзо ги споделиле и објавиле на Јутјуб мрежата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top