Детска игра се претворила во хорор, изживување и закана со смрт во Белград кога минатиот вторник четири дечиња биле брутално мачени.
– Минатиот вторник си играв со другарите, а мојот 13-годишен другар М.Л. фрли камен, кој случајно заврши во стакло . Бевме со уште две деца, нашите другарчиња, Д.Г. и една година помалиот, 12-годишниот Н.Ј. Почнавме да бегаме, а кога мислевме дека сме безбедни застана црно комби на патот – вели едно од дечињата.
– Излезе маж, почна да вика, да се заканува и да нè тепа, ни удираше шлаканици, нè шутираше и така нè раздвои – додава детето.
Неговите три другарчиња ги ставиле во комбито.
– Ме префрли над една ограда и почна да вика сега ќе те фрлам долу. Нозете ми се пресекоа од страв – вели момчето за српски „Курир“.
Децата биле цели крвави кога ги нашла полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.