| четврток, 6 декември 2018 |

Детали од договорот: Кога завршува мандатот на министрите и кој ќе ги замени

Договорот кој попладнево го постигнаа претставниците на четирите политички партии е составен од неколку точки за целосна реализација на договорот од Пржино. Во него се вклучени измени во однос на законот за Влада, работата на АВМУ – МРТВ, како и надминување на спорните прашања во однос на избирачкиот список. Еве дел од договорот кој беше прифатен од претставниците на сите четири политички партии.

– АВМУ ќе основа ад-хок тело за надзор на придржувањето кон медиумските одредби од Законот за избори. Ад-хок телото ќе биде составено од пет члена. Во консултација со релевантните професионални асоцијации, четирите политички поартии ќе изберат четири члена на ад-хок телото, од кои најмалку еден ќе мора да биде етнички Албанец. Овие четворица со консензус ќе го одберат петтиот член во рок од 15 дена.

– Сите казни за медиумите во согласност со законот за АВМУ и Изборниот закон кои се однесуваат на медиумите ќе бидат намалени за 50%.

– Првото прекршување ќе повлече предупредување. Понатамошните прекршоци ќе повлечат намалени казни.

– Ниту еден новинар или медиум нема да бидат казнети за изразување на мислење. Изразувањето на мислење треба да биде одвоено од известувањето информации.

avmu

– Во консултација со останатите партии, најголемата опозициска партија ќе номинира главен уредник (информативна програма) на јавниот радиодифузер (МРТВ) од редовите на експертите во тоа поле. Земено предвид дека партиите ќе потврдат дека постојат услови за избори, новиот главен уредник ќе почне да ја врши својата должност 100 дена пред изборите.

– Законски измени ќе бидат спроведени за да овозможат канал на албански јазик 24/7.

– До 31 август, лидерите на четирите политички партии ќе оценат дали горенаведените ччекори се комплетирани, со што и условите за одржување избори се исполнети. Лидерите ќе го потврдат и ова и датумот на избори со свој потпис.

– Ако изборите се одржат во 2016 година, новата влада, според Договорот од Пржино, ќе биде изгласана од парламентот 100 дена пред договорениот ден за избори.

– Примената на Законот за внатрешни работи ќе биде суспендирано до јануари 2017 година, а законот ќе го ограничи бројот на управни именувања во Министерството за внатрешни работи на 15.

vlada

– Законот за влада ќе биде изменет за да овозможи мандатот на сите министри и додатни заменици-министри назначени според Договорот од Пржино да завршат на денот кога ДИК ќе ги потврди официјалните резултати од изборите.

– Заменици-министрите во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика ќе ги преземат функциите на министри се до формирањето на новата влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top