| четврток, 6 декември 2018 |

Вродени деформитети на Холивуд: Кејт Хадсон и Хали Бери имаат 6 прсти, а Ештон Качер…

Можеби не сте знаеле но одделни славни личности се родени со деформитети, кои не влијаеле врз нивната самодоверба и не ги спречиле да бидат успешни во тоа што го работат. Прочитајте во продолжение кои холивудски ѕвезди имаат вродени деформитети…

Кејт Хадсон

Прекрасната Кејт Хадсон има шести прст на ногата. Кога ќе облече сандали се забележува мала грутка до нејзиниот мал прст.

Хали Бери
Сличен проблем со шести прст на ногата има и познатата Cat woman. Таа веќе неколку пати зборувала за овој свој деформитет и истакнала дека воопшто не и пречи.

Ештон Кучер
Славниот заводник има пореметување кое се вика синдактилија или зараснати прсти.

Меган Фокс
Глумицата е родена со пореметување кое се нарекува брахидактилија или краткопрстост. Скратените палци не можат да го загрозат речиси совршениот изглед на оваа згодна бринета.

Лили Ален

Пејачката има благ физички дефект со кој се гордее – една брадавица вишок.

Каролина Куркова

Родена е речиси без папок, а со оглед на тоа што често се слика за насловни страници и за модни едиторијали, секогаш кога за тоа има потреба, овој детал и го додаваат во фотошоп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top