Директорот на ЦИА Џон Бренан без сомнение одиграл улога во обидот за воен пуч во Турција, изјави за Спутник Лоренс Вилкерсон, шеф на кабинетот на поранешниот државен секретар на САД Колин Пауел.
Според неговите зборови, без сомнение Бренан и другите знаеле што се случи во Турција и совршено е јасно дека САД имале нешто со тоа.
„Или преку внатрешните канали сме советувале на воздржаност од тоа што се случува од време на време или, напротив, силно сме придонеле на тоа, или нешто помеѓу“, рече Вилкерсон.
Тој додаде дека САД подолго го користат пучот како стандарден политички и воен механизам за смена на проблематичните влади на оние земји што се однесуваат непријателски кон американските интереси и изнесе податок дека за време на мандатот на Роналд Реган под раководство на ЦИА и неговиот директор Бил кејси биле изведени 58 тајни операции.
„Затоа на момент размислете. За она што сега се случува вашите деца и внуци ќе читаат по 25 години, како што сега читаат за соборувањето на премиерот на Иран Мохамед Мосадик во 1953 година. Зарем во некој момент не ви се чини дека тоа може да се направи во Каракас и Киев или во Анкара, Дамаск и Багдад“, запраша Вилкерсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


