| четврток, 6 декември 2018 |

Талевски: Случајот „Транспортер“ е наметната постапка

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, кој е осомничен во случајот „Транспортер“, по денешниот распит во Специјалното јавно обвинителство изјави дека нема незаконитост во постапката со организирање превоз на ученици во Битола.

Според него, овој случај е наметната постапка. – Станува збор за наметната постапка. Не може врз основа на една снимка да се конструира ваква политичка хајка. Постапката е транспарентна и ние ќе го потврдиме и ќе го докажеме тоа, рече Талески.

Во случајот „Транспортер“ градоначалникот Талески и уште 22 лица се осомничени за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, во вредност од 360 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top