| четврток, 6 декември 2018 |

Момче спасено од давење во Охридско Езеро

Помладо машко лице чиј идентитет се уште не е познат е спасено од водите на Охридското Езеро.

Од СВР Охрид, потврдуваат дека машко лице е извлечено од водите на Охридско Езеро од професионални спасители на Црвениот крст.

Инцидентот се случил околу 16 част во Струга, помеѓу машката и женската плажа.

Момчето било реанимирано и во моментов се пренесува кон Скопје, но повеќе детали за неговата здравствено состојба не се познати.

Неофицијално, во близина каде е извадено машкото лице, се наоѓала и педалинка но полицијата допрва ќе утврдува дали истата е било како поврзана со инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top