Руската фудбалска репрезентација, која имаше катастрофален настап на неодамнешното Европско првенство (ЕП) во Франција е распуштена! Русија на трите средби во групата Б, освои само еден бод, ремизира со Англија (1-1), а беше поразена од Словачка (1-2) и од Велс (0-3).
Речиси еден милион руски љубители на фудбалот потпишале петиција за распуштање на А-репрезентацијата со предлог парите што се вложуваат во неа да се пренаменат за младите селекции.
Министерот за спорт на Русија, Виталиј Мутко реагираше уште пред петицијата да стигне до највисоките државни органи во Кремљ на разгледување.
– Нема повеќе репрезентација, таа е распуштена. Го нема повеќе ниту селекторот Леонид Слатски (поднесе оставка – н.з.) – изјави Мутко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст