| четврток, 6 декември 2018 |

Тревога во Брисел: Опколен сомнителен човек поради бомба

Специјалните единици на белгиската полиција опколија човек кој се однесувал сомнително и кој носел капут од кој виселе жици, prenesuvaat svetskite mediumi.

Си-Ен-Ен наведува дека човекот е совладан и дека полицијата го проверува неговиот капут.

Како што пишува, пак, Би-Би-Си, поради сомнителната личност била изведена голема полициска акција во самиот центар на престолнината на Белгија и ЕУ, а на терен излегле и анти-диверзантски единици. Квартот во кој се наоѓа човекот е блокиран, а неколку локали во околните улици и библиотеката се евакуирани.

Информацијата доаѓа во момент кога будноста на цела Европа, а посебно во Франција и Белгија е дополнително е крената на највисоко ниво поради неодамнешните терористички напади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top