| четврток, 6 декември 2018 |

Јуни оваа година бил најтопол уште од 1880 година

Американската агенција НАСА соопшти дека јуни бил за 0,9 степени потопол од просечното и најтопол од кога се врши евиденција од 1880 година.

Со оглед дека летните температури не спласнуваат, јуни 2016 година ќе биде забележан како 14. едноподруго месец со рекодна жештина.

Овој податок го собори претходниот рекод поставен во 2015 година. Просечната температура на Земјата беше 16,4 степени целзиусови, што е за 0,9 степени потополо од просечното. Главниот научник на НАСА за клима Гавин Смит изјави дека 2016 година била најтопла година до сега, скоро 1,5 степени потопла отколку во предуиндустриското време.

Меѓународната спогодба од 2015 година е поставен со цел да го спречи загревањето на Земјата за 1,5 степени. Научниците Смит и Кроч проценуваат дека 2016 година ќе биде најтопла од кога се мери температурата, трета година по ред.

Нивото на лед на Северниот леден океан исто така е намалено на рекордно ниво.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top