– Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп претставува закана за американската и светската безбедност поради својата политика на страв и изолација – изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер.
Тој во интервју за „Ројтерс“ вели дека е загрижен поради, како што рече двосмилените ветувања на Трамп дека „Америка повторно ќе ја направи силна“, додека истовремено најавува дека ќе го намали бројот на војниците стационирани во странство.
– Тое е контрадикторно и ме загрижува, рече Штајнмајер, кој наскоро треба да отпатува во Вашингтон на состанок со други министри за надворешни работи и одбрана на тема американските напори во борба против групата Исламска држава.
– Политиката на страв и изолација ќе донесе помалку, а не повеќе безбедност и ќе биде опасна не само за САД, туку и за Европа, како и за остатокот од светот, нагласи шефот на германската дипломатија.
Штајнмајер, кој е социјалдемократ, веќе со месеци го критикува Трамп поради неговиот говор „Прво Америка“ и има пофални зборови за кандидатот на демократите Хилари Клинтон, нарекувајќи ја искусен експерт за надворешна политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.