На вториот ден од Републиканската национална конвенција во Кливленд, делегатите и формално го избраа Доналд Трамп за кандидат на Републиканската партија за претседател на САД. Во четврток се очекува само официјално Трамп да ја прифати номинацијата. Тој на публиката и се обрати преку линк при што рече дека номинацијата за него е чест.
Милијардерот во борбата со партиските ривали собра неверојатни 1.237 делегати.
- Ова е движење и мораме да одиме до крај. Ова ќе биде лидерство кое граѓаните на Америка ќе го стават на прво место. Денес направивме историски резултати, со најголем број гласови во историјата на партијата, рекол Трамп.
Трамп во своето обраќање напомена дека ќе се залага за јакнење на границите, за „оттарасување од Исламската држава“ и обновување на редот и законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.