| четврток, 6 декември 2018 |

Речиси половина од жртвите во Ница се странци од 19 држави

Од 84 жртви од терористичкиот напад во Ница, 38 се странски државјани, соопшти француското министерство за надворешни работи.

Настраданите се по потекло од 19 земји и тоа од Алжир, Германија, Ерменија, Белгија, Бразил, Естонија, САД, Грузија, Италија, Казахстан, Мадагаскар, Мароко, Полска, Романија, Русија, Швајцарија, Тунис, Турција и Украина, стои во соопштението од француското МНР и се додава дека списокот не е конечен.

Сепак, во овој момент, сите жртви, без разлика дали станува збор за повредени или починати лица, потекнуваат од вкупно 29 земји, се додава во соопштението.

Минатата недела 31-годишниот Тунижанец, Мохамед Лахуаиеј Булел со камион на шеталиштето во Ница прегази и уби 84 лица, а повреди стотина.

Нападот беше извршен на 14 јули, националниот празник, Ден на падот на Бастиља.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top