Иван Трпоски од Австралија, Кирил Христовски од Соединетите Американски Држави, Лилјана Стоилковска – Андоновска од Кралството Шведска и Борче Величковски од Република Србија ќе бидат одликувани со Медал за заслуги за Македонија од страна на претседателот Ѓорге Иванов
Одликувањето е утре, а Иванов ќе ги одликува четворицата поединци – припадници на македонската дијаспора и ќе им го додели признанието Повелба на Република Македонија на „Македонскиот сојуз во Кралството Шведска“.
Медалите се доделуваат за нивна исклучителна посветеност и ангажираност во своето работење во нивните земји, со што дале значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот и за унапредување на пријателските односи и соработката со државите во кои живеат.
Признанието Повелба на Република Македонија се доделува на „Македонскиот сојуз во Кралството Шведска“ за особени заслуги и достигнувања во својата дејност како асоцијација за зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности во светот, како и за придонесот за унапредување на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Кралството Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево