| четврток, 6 декември 2018 |

Исламската држава објави видео со закани од напаѓачот со секира

исис

Новинската агенција „Амак“ блиска на „Исламската држава“ денеска објави видео од напаѓачот кој со секира повреди дваесетина луѓе во воз во јужна Германија.

На видеото кое што го пренесуваат германските медиуми објавено на социјалните мрежи, а на кое има датум од денот на нападот (19 јули 2016 година) се гледа како напаѓачот Мохамед Ријад најавува дека ќе изврши напад врз земји каде живеат неверници, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Видеото содржи снимка на која тинејџерот од Авганистан на јазикот Пашту со нож во раката се заканува дека како „војник на калифатот“ ќе спроведе операција во Германија. Агенцијата „Амак“ која важи за сервис на Исламската држава предходно објави дека Ријад бил еден од борците на ИД кој го извршил терористичкиот напад во Баварија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top