Ерменските власти се обидуваат да ги убедат вооружените опозиционери, кои зазедоа полициска станица во Ереван да ги ослободат четворицата заложници и да се предадат.
Ситуацијата околу зградата на полицискиот полк во Ереван е мирна, а реонот е блокиран од полицијата.
Опозицискиот пратеник Никол Пашињан инсистира за ситуацијата да се разговара во Парламентот и апелира да се превенира крвопролевањето, односно да не се дозволи насилна операција за ослободување на заложниците.
Претставници на опозицијата изјавија дека денеска биле исклучени мобилните телефони на опозиционерите кои ја зазедоа полициската станица и наведоа дека стравуваат оти се подготвува насилна операција за ослободување на заложниците.
Киднаперите бараат ослободување на ерменскиот опозиционер Жираир Сефилијан, кој беше уапсен во јуни и обвинет за незаконско поседување оружје, како и оставка од претседателот на Ерменија, Серж Саркисјан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст