Канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул објави неколку пораки меѓу офицери вклучени во воениот преврат. СМС, како што јавува „Анадолија“, наводно, биле праќани вечерта на 15 јули.
Пораките откриваат дека офицерите добиле наредби да пукаат во луѓето што излегоа на улиците да даваат отпор.
Според документите до кои дошла агенцијата Анадолија, на воените офицери во Истанбул им било кажано и наредено да пукаат во толпата што се спротивставува на пучот. Во пораките, наводно, се чувствува чувството на паника откако станало јасно дека обидот за пуч пропаднал.
Во еден миг, на пример поручникот Музафер Дузенли им наредува на потчинетите да отворат оган врз толпата.
„Повтори. Пренеси. Отворете оган за да ја растурите толпата“, вели тој во една од пораките на „Вотсап“.
Сепак, од пораките не е јасно каде точно биле распоредени војниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст