| четврток, 6 декември 2018 |

Странските медиуми предупредуваат: Најлошото од Ердоган допрва доаѓа

Одмаздољубив, импулсивен, авторитарен, тврдоглав, претседателот Реџеп Таип Ердоган беше сето ова пред турските генерали да се обидат да го испратат во заборав, а сега, кога ги преживеа нивните сплетки, неговите најлоши инстинкти двојно ќе се зголемат и ќе се зацврстат, пишува британскиот „Дејли телеграф“.

Во текстот, потпишан од страна на уредникот на британскиот весник Дејвид Блер, под наслов „Мислевте дека Ердоган беше лош досега? Најлошото од лидерот на Турција допрва треба да дојде“, се наведува „ако Ердоган беше сојузник што ги полудуваше Европа и Америка во минатото, како лидер, кој штотуку одолеа на воен удар, ќе биде во можност да направи сè и сешто“.

-Во некоја смисла, Ердоган е ослободен од одговорност. Пред да почнат немирите во петокот вечерта, критика што најмногу го лутеше беше обвинението дека е параноичен. Западот го исмејуваше Ердоган кога велеше дека се собираат темни сили за да го соборат од власт и дека има заговор во рамките на турската држава, кој ја сака неговата пропаст – вели Блер.

ankara-slavlje-pristalice-erdogan-vojni-udar-turska-foto-reuters-jul-2016-1468676394-951347

Тој вели дека наредните 24 часа биле надреални во модерната историја на Турција.

-Воените единици, навистина, се раширија низ Истанбул и низ Анкара заземајќи клучни позиции под закрила на ноќта. Хеликоптери, навистина, пукаа во своите цели. Во исто време, тенкови го блокираа мостот на Босфор, а командант на војската за кратко беше држен како заложник од страна на неговите потчинети – вели Блер.

Тој наведува дека „со оваа серија настани се  потврдија сите стравови на Ердоган“.

– Првата фаза од неговиот одговор може да се сумира со еден збор: Мрачната одмазда почна во саботата со апсењето на 1.563 војници. Кога пристигна во Истанбул во раните утрински часови, Ердоган беше мирен и блед, и ги предупреди своите непријатели дека „ќе платат висока цена“ за “предавството и за бунтот“ – вели Блер.

Тој додава дека заменик-претседателот за правда и за развој на Ердоган побарал враќање на смртната казна за пучистите да бидат прочистени.

-И додека неговите потчинети се натпреваруваат едни со други кој ќе биде пожесток кон неговите противници, умот на Ердоган сега ќе се сврти кон следната фаза од неговиот одговор: префрлање на вината. Околу ова западните влади ќе бидат особено загрижени бидејќи претседателот е способен да заклучи дека зад обидот за државен удар стојат Европа и Америка – проценува Блер.

Тој смета дека „сега кога го избегна вистинскиот удар, Ердоган ќе ги удвои своите напори да ја замолчи секоја критика“.

-Иако Турција се смета за надреална во последиците 24 часа, останува горчливата вистината: Никој не е полуд од Ердоган, кој некако успеа да преживее – вели Блер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top