| четврток, 6 декември 2018 |

Владина помош за струшкиот туризам

сарачини стругаВладата и Струга заедно ќе работат на туристичката понуда на општината на брегот на Охридското езеро.

Министерот за економија Вањон Сарачини во Струга му ја претстави на градоначалникот Зијадин Села владината програма за поддршка на општините, за што новиот градончалник најави тесна соработка за подобрување на условите за пречек на туристите, но и за подобрување на животниот стандард на стружани.

Заедно разговараа со туристички работници од струшкиот регион, ги запознаа со мерките што можат да им користат за зголемување на бројот на туристи во Струга, на пример субвенционирањето на тур-операторите кои зависно од каде носат туристи добиваат субвенции во вредност од 20 до 65 евра за секој турист што ќе го донесат од странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top