| четврток, 6 декември 2018 |

На Ким и Кание им се закануваат три години затвор!?

На Ким Кардашиан и на Кание Вест им се заканува казна затвор во траење од три години затоа што неовластено снимиле и објавиле разговор со пејачката Тејлор Свифт. Славната двојка го прекршила законот во Калифорнија споре кој снимањето разговори без дозвола од другата страна е илегално, а поради тоа им се закануваат три години затвор.

Се чини дека целта им е да ја уништат Тејлор, но сами ќе ги сносат последиците затоа што телефонирале во Калифорнија каде снимањето без дозвола е илегално, вели извор за британски Метро.

Адвокатите на славната русокоса веќе му испратиле писмо на Кание Вест.

Бараме веднаш да ги уништите сите снимки и да пружите доказ за тоа, како и за тоа дека снимките претходно не се копирани, стои во писмото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top