Двајца пилоти се уапсени на аеродромот во Глазгов, под сомнеж дека биле под дејство на алкохол, додека се подготвувале да полетаат со патнички авион на релација од Шкотска до Канада, јавија денеска британските меидуми.
Пилотите се уапсени откако членови на екипажот на авионот „изразиле загриженост“ поради однесувањето на пилотот на авионот „Ербас А310“ на канадската авиокомпанија „Ер Транзит“, кој со 250 патници требало да полета од Глазгов за Торонто.
Пилотите на возраст од 37 и 39 години се уапсени заради сомнеж дека биле под дејство на алкохол пред да полета авионот, објави британски „Индепендент“.
Канадската авиокомпанија потврди дека нејзините врабоени се уапсени, додавајќи дека летот бил времено одложен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


