| четврток, 6 декември 2018 |

Нов напад во Турција, има мртви и ранети

Двајца турски полицајци се убиени, а четворица нивни колеги и еден цивил се ранети денеска, при вооружен напад во североисточниот турски округ Трабзон, соопшти трабзонскиот гувернер Јуџел Јавуз.

Турската телевизија НТВ јави дека нападот бил извршен претпладнево во градот Мачка, без да даде други детали.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, бо влатите претпоставуваат дека напаѓачите се бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК).

Веднаш по нападот силите за безбедност презедоа обемна акција за пронаоѓање и ликвидирање на напаѓачите, стои во полициското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top